ЧИТАЊЕТО Е АМБРОЗИЈА ЗА МОЗОКОТ

ЧИТАЊЕТО НА КОРИСНИ РАБОТИ КАКО НАВИКА

Многумина од нас утрото го почнуваат со кафе и прелистување на занимливости на мобилниот телефон. Разговараат по додека ја јадат ужинката, се допишуваат додека пладнуваат и заспиваат со приказните од тековниот ден на речиси небитни личности. Зошто, кога сѐ тоа може да се промени во наша корист.

1. Додека го пиеш утринското кафе — прочитај!

Обично најмногу се паметат информациите кои незадолжително влегуваат во нашиот мозок. Затоа, додека го пиеш првото кафе, потруди се читањето на корисни работи да ти стане секојдневна навика.

2. Додека уживаш во вкусната храна— прочитај!

Додека јадеш, задолжително уживај во вкусот на храната и биди благодарен за неа. Така телото ќе ги исползува сите корисни материи. Но, доколку треба да запаметиш стручни зборови од речник или странски јазик, секогаш имај ги напишани на малечко ливче до чинијата — така погледот несвесно ќе ги перцепира и ќе влезат во твојата меморија сакал ти или не.

3. Додека медитираш во пријатното попладне — прочитај!

Најдоброто време за да си ја разбудиш фантазијата со неколку страници од твоите омилени жанрови. Размислувај за она кое си го прочитал. Споредувај. Критикувај. Напиши го сѐ тоа и труди се секој нареден пат речениците да бидат пократки, појасни и поконцизни. Барај синоними, не користи два исти збора во една реченица. Така ја остриш својата интелегенција и ја подобруваш меморијата. Мозокот постојано ти е свеж.

4. Додека чекаш сонот да ти натежне на очните капаци — прочитај!

Гледај да го прочиташ она кое сакаш да биде твоето утре. Како сакаш да се видиш кога ќе се разбудиш. Затоа претходно напиши. Слободно користи ја својата фантазија и не мисли на границите. Ги има само ако сам си ги поставиш.

5. И, ако си навистина креативен и се доживуваш како писател/поет/драматург/есеист,

кога имаш шанса — напиши и испрати на novvavilon@gmail.com и отвори на https://bit.ly/2QAO4nT

Така, ќе прочитаат и другите.

Со почит,

редакција на НОВ ВАВИЛОН

--

--

Здружение за книжевен развој Нов Вавилон
Здружение за книжевен развој Нов Вавилон

Written by Здружение за книжевен развој Нов Вавилон

Остварување на книжевни проекти поврзани со издавачката дејност.

No responses yet