Промоција на книгата поезија „Тајната на сини очи“ од Меги Велкова
1 min readSep 21, 2019
На 27.09.2019 г. (Петок), со почеток од 19,00 часот во просториите на Центарот за култура „Бели Мугри“ — Кочани, ќе се одржи промоција на дебитантската книга поезија „Тајната на сини очи“ од младата поетеса Меги Велкова од Кочани.
Книгата е во издание на Здружението НОВ ВАВИЛОН, Битола како дел од едицијата Вавилонци и е носител на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература, што го доделува издавачот за дела со трајни уметнички вредности.
За книгата ќе зборува писателот Никола Илијовски.