Промоција на книгата поезија „Бесконечноста до тронот“ од Емилија Србиноска
Утре, на 24.06.2019 година во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар со почеток од 19,30 часот ќе се одржи промоција на книгата поезија „Бесконечноста до тронот“ од младата поетеса Емилија Србиноска од Гостивар.
Книгата е во издание на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН, Битола.
„Бесконечноста до тронот“ е книга поезија во квантитативна минијатура со есенцијална порака и изградена идеја. Поетесата во субјективен поетски стил ги отсликува своите младешки размисли за емотивната страна на животот, љубовта, болката, страдањата и сѐ она што ги чини сите прашања и одговори од кои младоста е секогаш засегната. На идеалистички начин авторот на оваа поезија се обидува да ја заштити љубовта како апсолутна радост, наспроти суровата реалност од препреки и неизвесност, стои во резенцијата на писателот Никола Илијовски.
Емилија Србиноска е родена во Гостивар, 2000 година. Зема активно учество на книжевните манифестации во родниот град. Носител е на повеќе награди и признанија за млади автори. Член е на клубот на млади поети при Општина Гостивар.
Редакција на НОВ ВАВИЛОН, Битола