Излезе од печат книгата поезија „ОКСИМОРОНСКИ ЛУЃЕ“ од поетесата Александра Илиева
Во издание на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола излезе од печат дебитантската книга поезија „ОКСИМОРОНСКИ ЛУЃЕ“ од поетесата Александра Илиева од Гевгелија.
Оваа поетска збирка на Александра Илиева, насловена како ОКСИМОРОНСКИ ЛУЃЕ, поделена во два дела I. ПРИЗЕМЈЕНА и II. ОТСУТНОСТ, е интересно и оргинално видување на стварноста околу нас, од страна на една млада личност, но соодветно на насловот истовремено и стара — во преживеаното, од кое што ни еден раскажувач не избегал.
„За да се долови оксиморонското во сите нас, спротивностите кои што понекогаш нѐ кршат, а понекогаш нѐ спојуваат — теми кои што Поетесата ненаметливо, милозливо, но приземјено, ги зачнува во своите песни, збирката треба да се прочита. Но, ако може да се каже нешто и тоа да биде поттик за читателот, тоа е дека Поетесата успеала од стих, во стих да го задржи вниманитето, затоа што ова е една музикална поезија, која што не им робува на формите — ни формално, ни содржински, туку нежно се растура, така како што изворно се родиле емоциите и нежно останува во сеќавањето на читателот.
Дали оксиморонски луѓе, значи живи мртовци, или оргинални копии, или итри будали — можно е. Патувајќи низ стиховите, хендикеп е, да се прераскажува нешто, што некој друг сакал да го каже. И самата Поетеса вели: ‘имај си црвена тетратка……ќе истуткаш низа чувства што нема да ги разберат, дури и петпати да ги препрочитаат’.“ — ќе напише рецензентот за оваа книга, Ирена Нешковска.
НИЕ
Раката на образот твој
не остави ни црвенило,
ниту пак нешто
краткотрајно.
Пропадна стисокот,
се чу крик -
чиниш направив нешто
што не требаше.
„Кои сме ние?”
би рекол напразно.
Ме има,
постојам сè повеќе
та од тебе не барам
дозвола.
Книгата може да се нарача преку facebook страната на издавачката куќа НОВ ВАВИЛОН, Битола на следниот линк:
Редакција
НОВ ВАВИЛОН, Битола