Издавачка дејност на НОВ ВАВИЛОН — Десет нови наслови во едицијата „Вавилонци“
Издавачката дејност на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола, донесува десет нови книжевни наслови од кои: три романи и седум поетски книги.
Станува збор за книгите:
- Романот „Бдеењето над себе“ на Дијана Петрова (Делчево);
- Романот „Спротивна од безнадежност“ на Теона Ацеска (Прилеп);
- Романот „Сѐ она што никогаш не можев да ти го кажам“ на Анастасија Лефкоска (Гостивар);
- Книгата поезија „Зрак од полна луна“ на Георгина Петреска (Скопје);
- Книгата поезија „Плачот на љубовта“ на Душица Ристовска (Скопје);
- Книгата поезија „Тајната на сини очи“ на Меги Велкова (Кочани);
- Книгата поезија „Бесконечоста до тронот“ на Емилија Србиноска (Гостивар);
- Книгата поезија „Невидливи облици“ на Елизабета Дончевска — Лушин (Струмица);
- Книгата поезија „Јас сум сон“ на Стефан Јовески (Скопје);
- Книгата поезија „Лавиринт на младоста“ на Елена Ангелеска (Прилеп).
За трајните уметнички вредности со кои се карактеризираат овие книжевни дела, издавачот НОВ ВАВИЛОН на авторите ќе им додели Признанија за афирмација на македонскиот јазик и литература.
Во 2018 година во рамките на едицијата Вавилонци беа публикувани книгите:
- Романот „Пајажина од тајни“ на Ивана Балтовска (Битола);
- Книгата поезија „Магичен спој“ на Марија Стојчевска (Скопје);
- Книгата поезија „Мојот храм е внатре во мене“ на Марта Димитров (Кавадарци).
Зошто НОВ ВАВИЛОН?
Основањето на Здружението НОВ ВАВИЛОН од Битола е инспирирано од плодниот творечки амбиент во Македонија и големиот потенцијал на млади книжевни умови, но и веќе афирмирани автори кои пишуваат и создаваат на ова тло. Симболиката на името ВАВИЛОН што на акадски значи божја врата е широка и возвишена во секој поглед: цивилизациски и духовен. Постоењето на митот за вавилонската кула која е причината и најстарото објаснување за постоењето на јазиците во светот, како и градините на Асирската кралица Семирамида како симбол на античкото сфаќање на убавината се двата столбови врз кои ќе се темели градењето на нашиот филозофско-книжевен свет, преку писмото на создавачите, сонувачите или оние што љубат да копнеат по недостижното, високото, небесното. Со други зборови естетското градење на себеси како автор преку својот јазик, но и јазикот на другите ги отвора вратите на вековниот сон за глобално општење помеѓу писателите во светот. Токму и тука се пронаоѓа НОВ ВАВИЛОН, како ново навраќање инспирирано од старите вредности, кое ги отвора вратите за нови книжевни и научни патешествија за идните генерации кои со моќта на зборовите ќе ги посеат новите европски вредности во литературата и културата во нашата сакана земја.
ПОРАКА ДО АВТОРИТЕ
Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола е отворено за соработка со сите автори во Републиката кои пишуваат на македонски јазик, на некој од јазиците на заедниците кои не се мнозинство или на некој од јазиците на државите членки во Европската Унија. Нашата мисија е да го поттикнуваме и развиваме пишаниот збор преку објавување и афирмирање на квалитетни дела од творештвото на младите автори, оние кои допрва навлегуваат во книжевните води, но и оние кои цврсто застанале на својот пат во литературата.
Ги охрабруваме авторите во Републиката кои поседуваат финални верзии на поетски или прозни ракописи, а имаат желба да издадат книга да нѐ контактираат на нашата e-mail адреса: novvavilon@gmail.com или на телефонските броеви 078/245347 и 075/764920.
НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС!
Публикувај книга и остави свој печат во времето…
РЕДАКЦИЈА НОВ ВАВИЛОН, Битола