ЗИМСКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола го распиша зимскиот литературен конкурс за необјавена книга во категориите: проза, поезија и драма. Право на учество имаат сите граѓани на РМ кои пишуваат на македонски јазик или на некој од јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Републиката. Целта на овој конкурс е да се промовира и афирмира творештвото на младите автори, како и преку интерактивна програма помеѓу издавачот и авторот да се поттикнува, надградува и усовршува нивниот пат во книжевните води.
Ракописите треба да се испраќаат во Word документ, во фонт Times New Roman, со кирилична поддршка, на e-mail адресата на издавачот novvavilon@gmail.com
За успешните автори чии што ракописи ќе бидат одобрени за печат, Здружението НОВ ВАВИЛОН -Битола во својата програма предвидува нивно книжевно претставување пред читателската публика, на начин што за испечатените дела ќе додели соодветни признанија за придонес во македонската книжевност, а ќе организира и нивна медиумска промоција.
КОНКУРСОТ ТРАЕ ОД 05.01.2019 ГОДИНА ДО 01.03.2019 ГОДИНА
Со почит,
Редакција на НОВ ВАВИЛОН -Битола